Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија (www.sec.mk) и во подрачните канцеларии. Почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на Комисијата и пред овластен нотар.
Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски вчера апелираше до сите оние што сакаат да гласаат на изборите да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список, но исто така предупреди дека доколку немаат важечки лични документи, граѓаните нема да може да гласаат.
До 11 март граѓаните може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на Комисијата. Предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 12 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.