Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.
Tуристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Македонија.
Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо, изјавиле од компанијата за „24 часа“.
Во меѓувреме пред седиштето на компанијата во Скопје се собраа група граѓани, родинини и пријатели на жртвите во автобуската несреќа, интересирајки се за своите своите најблиски.
Седиштето од утрово го обебзедуваат и полициски службеници.
Привичните информации од надлежните органи кажуваат дека четири автобуси од ова скопска компанија патувале викендот за Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.