Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со митинг на Античкиот театар во Охрид во 18 часот ја почнуваат изборната кампања за претстојните локални избори. Слоганот на овие избори е „Создади нова иднина“.
Предизборната кампања почнува денес со претставување на кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков и носителот на советничката листа Сашо Донев
Караванот „Најдоброто за мојата општина“ на СДСМ, пак, ќе ја започне кампањата со централен настан во Битола во 20.00 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.