Спасовски го крши законот, повеќе од три недели не се издаваат лични карти, граѓаните во хаос. Од 5 јули до денеска не е издадена ниту една лична карта. Тоа се повеќе од три недели како управните служби на МВР не си ја извршуваат со закон регулираната должност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Согласно законот за лични карти, МВР е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја издадат личната карта.
Поради неспособноста на Спасовски голем број на наши сограѓани се оставени без документ за идентификација и им е оневозможено да ги користат своите сметки, да подигаат пензија или плата. Застој има и во правниот промет зошто голем број на граѓани не можат да склучуваат договори и да се појавуваат како договорна странка било пред државен орган или помеѓу физички и правни лица, велат од партијата.
Тие посочуваат дека голем број наши сограѓани оваа неспособност на Спасовски ги чини пари и изгубена добивка.
оша егзистенција затоа што не можат да си го подигнат од банка единственото примање. Спасовски мора да понесе одговорност. Не може системот за издавање на лични документи да е нефункционален, а тој да нема одговорност. Одговорност веднаш. Време е за Македонија за сите луѓе, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.