Откако некои држави објавија дека ќе имаат полициски час за новогодишната ноќ и божиќните празници со цел да се превенира ширењето на коронавирусот истите прашања започнаа да се дебатираат и за кај нас.

Членови од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека откако ќе се изанализира состојбата, може да имаме целосен „локдаун“ за празниците.

В понеделник не очекува малку подолг состанок. Мораме целосно да ја анализираме состојбата. Секако ќе разговараме за нови мерки кои ќе бидат пред се наменети за начинот на работењето на угостителските објекти. Дали ќе се намалува работното време, дали ќе има одредени денови кога нема да работат, ќе видиме. Сепак, мора да бидеме подготвени за претстојните празници и да не дозволиме да имаме наеднаш нов бран на огромен број заразени, веднаш по прославите на Нова Година и на Божик, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.

Се посочува и дека некои од членовите на оваа Комисија сметаат дека заради спречување на ширењето на заразата најдобро би било да се затворат сите угостителски објекти 31декември до 8 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.