Во последните 24 часа се регистрирани 31 случаи на корона вирус во Тиквешијата, од кои 16 во Кавадарци, осум во Неготино, пет во Росоман и две во Демир Капија.

Како што информираат од ЦЈЗ Кавадарци, заразените луѓе се на возраст од 18 до 74 години.

Се работи на утврдување на нивните контакти, а се чекаат уште резултати во тек на ден. Починат е еден пациент од Кавадарци на возраст од 70 години, на клиника – информираат од ЦЈЗ.

Според податоците од Министерството за здравство, со денешните потврдени случаи на Ковид-19, бројот на активни случаи во Кавадарци ја надмина бројката од 300.

И во Неготино од пред два дена бројот на активни случаи на вирусот надмина 100.

На Ковид-19 одделот во кавадаречката болница денес се хоспитализирани 42 пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.