• За време на 30-дневната вонредна состојба техничката Влада на РМ донесе вкупно 120 уредби со законска сила, потенцира професорот по Уставно право, Димитар Апасиев, нагласувајќи дека од нив, едвај 40 се однесуваат стриктно на борба и справување со последиците од коронавирусот.

Другите 80 немаат благе везе со ова шо ни се дешава. Плус, прецедникот, противуставно, им даде гратис од уше 30 дена да штанцаат вакви уредби, преку т.н. „повторно прогласување вонредна состојба“ – нешто што е непознато во уставното право!? Затоа, утре ќе поднесеме иницијатива до Уставниот суд на РМ за поништување на оваа илегална одлука на Пендаровски, предупредува Апасиев и повика СТОП на самоволието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.