Од 1 септември домашните и странските државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот САРС-КоВ-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19, сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или со медицинска потврда со негативен резултат од РТ ПЦР САРС-КоВ-2 тест, направен 72 часа пред влез во земјава, одлучи Владата.
За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата по 1 септември, а немаат ПЦР тест или потврди за примена вакцина или за прележан Ковид-19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од пет часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.