Нова влада веројатно ќе има, иако прашањето не е едноставно. Гледам дека сите сега се занимаваат со тоа кој ќе го наследи Заев, што е нормално, вели новинарот и аналитичар Сашо Орданоски во емисијата „24 анализа“.
Според него, многу е важно каква програма ќе преземе оној што ќе го наследи премиерот, како и дали ќе влезе во реформа на постоечкиот состав на владата.
Ако сѐ се сведе само на тоа Заев да го нема, а владата остане истата, тогаш не ѝ се пишува добро. Очигледно се гласаше повеќе од локални теми. Ова беше малку посилен црвен картон, смета Ордановски.
Тој наведува дека Заев е единствениот кој себе се стави во ситуација да преземе одговорност за губење на локални избори.
Тој предизвика нешто невидено досега. Тој донесе вредносен систем и разбра дека неговата политика е оценета како негативна и дека следува оставка. Ова не е секојдневно во македонската политика, рече Орданоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.