Фоторепортерката Арбнора Мемети на Твитер сподели потресна изјава од Емши Ибин, очевидец на кого му се изгореле пред очи таткото и братот.

Мемети беше прва која направи фоторепортажа од тетовската болница и предупреди дека во болницата владее безредие, а ковид пацинетите имаат посета од надвор.

Бев 6 дена внатре, бев инфермиер на мојот татко и брат, за тоа што клиниката нема персонал. Јас се обидов да ги извадам нив, но не можев од црниот чад.
За тие кои викаат дека бараката имала противпожарен систем, тие се големи лаги. Баравме апарати за гасење на пожарот и тоа го немаше. Модуларната болница беше само една пластична барака со стиропор кој помагаше да се прошири пожарот со голема брзина.
Сите пациенти што беа внатре ги видов со мои очи како вриштат… Правдата е народот. Се молам народот да стане и да бара правда за овие жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.