Со повреди и во крв возачот на автобусот излетал од автобусот пред тој да падне во ендекот на локалниот пат и да се преврти на покрив. Очевидци на местото на несреќата денес раскажаа дека возачот со автомобил го носеле во болница заедно со уште неколку повредени патници и дека тој лежел на локалниот пат откако со автобусот ги пробил заштитните огради и се превртел, пренесува МКД.мк

Возачот на автобусот и уште неколку патници ги носев во болница. Тој губеше свест неколку пати, а го најдовме на локалниот пат. Најверојатно испаднал од автобусот кога тој се превртувал, раскажа очевидец на трагедијата за МКД.мк.

Според обвинителството, возачот на автобусот немал алкохол во крвта, а вештачењето на мобилниот телефон ќе покаже дали зборувал со некого во моментот на несреќата во која загинаа 14 лица. Според неофицијални информации, возачот не се сеќавал на настанот. Тој сега е на домашно лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.