Некој добива наредба да брише статуси, некој пак да објави. На поддржувачите на СДСМ им беше наредено да ги избришат статусите во кои ја критикуваа Бугарија за ветото кое го стави за влез на Македонија во Европската Унија. Сега пак, по 30 часа од објавувањето на скандалозното интервју на Зоран Заев за БГНЕС, министрите на СДСМ кои се дел од власта, почнаа оркестрирано да објавуваат стауси во кои очајнички го оправдуваат премиерот.
Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба со корупцијата, Љупчо Николовски, преку неговиот официјален фејсбук-профил јавно го сподели партискиот став нагласувајќи дека ставовите на премиерот се и партиски ставови.
„Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори. Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи“,нагласува Николовски.
Тој го потеницра и делот со кој се реагира на обраќањето на Црвенковски порачувајќи дека тој е историја.
Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ.
Овие ставови се изградени…
Posted by Ljupcho Nikolovski on Thursday, 26 November 2020
Се јави Венко Филипче, министерот за здравство, кој на својата фејсбук странца посочи дека Зоран Заев во изминатиот период носел низа тешки но исправни одлуки.
Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме – напиша Филипче.
Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме…
Posted by Венко Филипче on Thursday, 26 November 2020
Претходно се јави и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Според неа она што премиерот го кажал не е негација ниту на фашистичката опасност, ниту на нашата антифашистичка борба.
– Планот, политиката, желбата на премиерот е да отвори малку повеќе врати помеѓу соработката на Македонија и Бугарија и да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да ни биде единственото нешто за што дискутираме во 21 век, нагласи Шекеринска.
Наспроти нив, нивниот поранешен шеф, Бранко Црвенковски побара СДСМ да се огради од изјавите на нивниот сегашен лидер Заев, а до тогаш го стави своето членство во мирување.
Почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ.
Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ – посочи Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.