Тесен цензус и минимална излезност на денешните вонредните локални избори во Штип, кои поминаа со низа изборни нерегуларности. Во текот на денот беа евидентирани неколку прекршувања на изболниот молк, а едно од нив е избирачкото место во ПООУ „Тошо Арсов“ во населбата Македонка.
На ѕидовите од левата и десната страна од влезот на избирачкото место неколкупати испишано е името на СДСМ.
Претходно, во Штип е забележано и носење гласачи со автомобили. Активисти на политичка партија со возила ги разнесуваа гласачите на гласање, а во близина на изборните места немаше полиција која ќе овозможи регуларен тек на изборниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.