Обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи носењето на Законот за ЈО се незрели

Ќе испорачаме нов закон за јавно обвинителство соодветен на европските стандарди

Македонија 29.06.2019 / 18:48

Тие луѓе кои ја обвинуваат опозицијата за законот за јавно обвинителство само сакаат да го искористат законот и да ја нападнат ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е така зошто анкетите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и затоа преку законот сакаат да се пресметаат со ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Канал 5 телевизија.

Обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи Законот за ЈО  се незрели. Луѓето кои ја обвинуваат опозицијата сакаат да ја нападнат ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знаат дека ќе бидат поразени на следните избори и сакаат да го користат овој закон .Загрижеи сме да се врати владеењето на правото, ке испорачаме производ и јавноста ке може да го спореди со овој што го предлага владата. Предлогот кој се нуди е копија на хрватскиот закон.

Ние формиравме во партијата тим за преговори. Но власта не слуша. Ако не да ги оставиме од власта да прават што сакаат и да го укиниме ВМРО-ДПМНЕ. Но, ние одлучивме. ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за јавно обвинителство. Ние ќе направиме закон кој ќе биде соодветен на европските стандардите. Граѓаните од ова сега и од Специјалното јавно обвинителство не добија ништо, резултатот е еднаков на нула, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.