По обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека поголема група на полицајци, кои според нив работат по налог на Заев и Спасовски, за серизони изборни заплашувања, закани и малтретирања, од обвинителството одговараат дека се преземаат мерки за проверка на наведеното.

Информациите во врска со дадените наводи за кои прашувате се доставени до надлежното основно јавно обвинителство со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела да се постапи согласно законските надлежности. Воедно, ја потсетуваме јавноста дека во функција е електронската адреса izbori@jorm.mk на која можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, ни одговорија од обвинителството.

Од државното обвинителство не прецизираат дали насоките се издадени на прилепското обвинителство, на чија територија според ВМРО-ДПМНЕ се случувале заканите и злосторничкото здружување на полицајците, или пак на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое има посебен оддел за да истражува кривични дела на полицајци.

Нема ниту информации дали има наредби за вештачења и за проверка на мобилни телефони или на други апарати со апликација вибер, бидејќи обвинувањата на Ковачки содржат фотографии од комуникација на вибер во група.

Од прес службата на обвинителството во одговорот стои и дека: Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави , како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува 40-тина полицајци, началници и функционери дека во Прилеп се организирале за да заплашуваат и малтретираат политички противници на денот на изборите, да им земаат автомобили и да ги носат на технички прегледи. Беа објавени и пораки за сериозни закани „убиј го“.

Од МВР негираат дека во министерството била формирана било каква група за попречување на изборите и дека тоа се случувало во времето пред 4 години кога владееше ВМРО-ДПМНЕ.

Демантот на МВР се состои од тврдењето дека на денот на изборите никој во Прилеп не бил носен на технички преглед и дека графички прикази на вибер комуникација може многу лесно да се направат.

Случајот го истражува и внатрешната контрола на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.