По приведувањето на Бојан Јовановски и Зоран Милески, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека лицата се сомничат дека сториле кривично дело Примање награда на незаконит начин, за кое се собрани повеќе вербални и материјални докази. Бојан Јовановски е осомничен и за перење пари.
Според обвинителите, опсежна предистражна постапка е започната во мај, сослушани се повеќе сведоци, собрани се материјални докази. Од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело постапка. Од лицето на кое му помогнале во неколку наврати примиле еден и пол милиони евра како поткуп. За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда. Откако се посомневале дека средбите со него може да бидат компромитирани, веќе не одржувале средби .
Првосоомничениот се сомничи и за перење пари, што значи дека нелегално земените пари ги користел за лични задоволства, одмори, облека и друго, трошел многу повеќе од примањата кои ги имал.
Обвинителството ги охрабрува сите оние кои биле изложени на ваков притисок да пријават.
Според нив досега е утврдено дека Бојан Јовановски нема имот на свое име, а правното лице, односно 1 Тв не е опфатена во оваа истрага. За Зоран Милески, или познат како Зоки Кичеец се уште се работи на финансиската истрага.
Обвинителството побара притвор за двајцата осомничени. Рускоска посочи дека доставиле детално образложен предлог за определвање на притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.