косовскиот амбасадор во земјава Ѓерѓ Дедај објави на социјалите мрежи дека обвинител на Специјалниот суд во Хаг стапил во контакт со него. Според Дедај, целта на повикот од Хаг била да го известат дека е назначен обвинител на случајот, но без да даде детални објаснувања за каков случај се работи.

Меѓу другото, обвинителот ме праша дали имам закани или загриженост! Му реков дека немам и немам закана од никого, рече Дедај.

Дедај, исто така, појаснува дека во разговорот со обвинителот од Судот во Хаг изразил загриженост во врска со неоткривањето на српските злосторства на Косово.

Ги информирав дека нашата најголема грижа, сега веќе 22 години, е неуспехот да се открие српското злосторство против десетици членови на моето семејство, како и неуспехот да се открие масакрот во Меј крај Ѓаковица, каде српските сили на 27 април 1999 година, брутално убија над 380 невини цивили Албанци, иако никој не е уапсен од Србите, за овој масакр против човештвото!, додава Дедај.

Амбасадорот Дедај исто така додава дека е подготвен, наспроти неговата желба, да одговори на поканите на Специјалниот суд, сведочејќи за правичната борба на ОВК и барајќи казна за одговорните за српските злосторства на Косово.

Специјалниот суд покрена обвинение против поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи и поранешниот претседател на Демократската партија на Косово, Кадри Весели за злосторства против човештвото. Специјалниот суд покрена и други обвиненија против поранешните војници на ОВК, осомничени за воени злосторства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.