Пратеникот Антонијо Милошоски ја потсетува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на членот 165 став 2 од ЗКП: „постои основан страв дека ќе ги спкрие, фалсификува или уништи трагите на кривично дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз свдоците, вештаците, соучесниците или прикривачите“ и ѝ порачува на правдата наместо Катица да дава изјава за медиумите најдобро би било да даде изјава таму каде што треба – пред истражен судија и јавен обвинител.
Обвинителката за “рекет и изнуда” знае дека треба да биде во притвор согласно член 165 од ЗКП, бидејќи реално има позиција преку која може да сокрие или уништи траги и прислушкувани материјали злоупотребени во кривичното дело, а уште повеќе може да влијае на сведоците (жртви и/или соработници) во скандалот “Рекет”.
Затоа, не ја очекувајте Катица да даде изјава за медиумите. Покорисно би било да даде изјава пред истражен судија и јавен обвинител!
Специјалната јавна обвинителка и Милошоски се во тивка војна, па пред јавноста едниот на другиот си порачуваа „да не се занесува“ и „да прочита некоја книга“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.