Непотврдени информации од МВР тврдат дека вечерва на информативен разговор е “прибрана” и првата соработничка на шефицата на СЈО Катица Јанева – објави Експрес.мк

Искусната обвинителка Лиле Стефанова била контактирана од иследници од МВР додека била во кафуле, тврдат очевидци кои ја препознале обвинителката кога и пришле инспектори на МВР, тврди порталот.

Неофицијално од Стефанова се бараат информации за истиот случај поради кој вечерва се вршат претреси во домот на Катица Јанева а денеска беше притворен и Бојан 13 сопственик на 1ТВ.

Засега МВР и Обвинителството не ги потврдуваат информациите за Стефанова.

Дел од медиумите објавија дека е извршен и претрес кај Стефанова, но ваквите информации ги демантираше лично таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.