Поранешна заменичка на осомничената Катица Јанева, обвинителката Елизабета Јосифовска, денеска треба да сведочи за случајот „Рекет“.

Јосифовска се спомнува во видео-снимките објавени од италијанскиот весник „Ла веритас“, во врска со враќање на пасошот на бизнисменот Орце Камчев, кој беше осомничен во предметот „Империја“.

Таа потврди дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Камчев, но тврдеше дека одлуката била на Јанева, посочувајќи оти таа, како нејзина заменичка, била должна да ја потпише.

Јанева претходно најави дека ќе ги повика обвинителите од СЈО како сведоци на одбраната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.