Одбраната на обвинетите во случајот Топлик на денешното рочиште побараа да им се дозволи увид во снимките кои тогашното СЈО ги понуди како доказ од незаконското прислушување. Овие снимки веќе беа изведени како доказ на судењето но обвинетите ги немаат видено.
Бидејќи оригиналниот запис од овие снимки не постои одбраната бара да им бидат доставени копии за да можат да направат вештачење и да се уверат во автентичноста.
Исто така, одбраната го бара и писмото што порешната обвинителка Катица Јанева го испрати до републичкиот обвинител Јовевски во кое таа го овластува да ги преземе предметите кои ги започна СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.