Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ си направија селфи пред Кривичниот суд додека поранешниот премиер Зоран Заев даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот Монструм.

Додека Заев одговараше на новинарски прашања, од неговата десна страна беа застанати родителите на убиените момчиња, а лево од него стоеја тројцата обвинети, кои со насмевка излегоа од Кривичниот суд.

Во еден момент обвинетиот Хаки Азири го крена мобилниот телефон и свртен со грб кон Заев и кон новинарските екипи, кои во голем број го следеа неговото сведочење, си направи селфи со другите двајца обвинети, наместени за во заднината да се гледа поранешниот премиер – објави МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.