Еден од ретките обвинети функционери на ДУИ е пратеникот Ејуп Алими. Тој е  обвинет за изборни манипулации заедно со Исмет Гури и се главноосомничени во предметот ,,Титаник3“ на СЈО.

Пред да биде одложено судењето, адвокатот на обвинетиот Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, им се обрати на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи и рече дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.

Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“.

Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.

Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“

„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.

Тогаш, Фетаи му рече на адвокатот: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша ти, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата’“.

Адвокатот негираше гласно, а во таа вжештена атмосфера ништо не кажаа обвинетите Алими и Исмет Гури, информира денеска од судницата порталот Сакам да кажам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.