За време на завршниот збор на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа за 27 април, кога тој го спомена Спиро Ристовски, тогашен министер за образование, почнаа коментари во Судот за тоа дека тој бил нападнат во затвор, пренесе МКД.МК.

За нападот ја известија и судијката Добрила Кацарска која беше изненадена од ваквата информација и праша дали имаат и какви се нивните повреди.

На паузата по дел од завршните зборови на Василевски, обвинетите излегувајќи од судница гласно коментираа дека Ристовски и Јанакиески биле наместени за да бидат нападнати во затворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.