По сите апсења на видни членови на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски нема да биде изненаден ако едно утро полицијата затропа и на неговата врата.

Во самата кампања за претседателските избори претседателскиот канидат и претседателот на партијата на власт воедно и премиер наместо да се фалат со проекти, се фалеа со 750 пројави против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш стана јасно дека е точно она што го зборевме целиот период дека Зоран Заев и групата околу него целосно го имаат покриено судството и обвинителството. 

Мицкоски, кој вечерва гостува во вестите на Алфа ТВ, додаде дека во постизборниот период само продолжило да се докажува дека индициите на ВМРО-ДПМНЕ се исправни и тој не очекува тука да запрат политичко-судските процеси.

И нема да запрат тука, зашто се свесни дека ја губат довербата од народот, свесни се дека немаат проекти, стратегија, визија… и единствениот начин е, како што теоретски си го замислиле тоа, да вршат притисок врз политичките неистомисленици во опозицијата и да втеруваат страв кај граѓаните. 

Мицкоски потсети на последниот монтиран случај во кој се приведени член на Извршниот комитет на партијата, Димитар Димовски, и член на Централниот комитет, претседател на ОК Аеродром, Дејан Митевски.

Обвинението е покренато од обвинител-сестра на поранешен претседател на Социјалдемократската младина и од она што дента се случувало во судот, сфаќам со колкава жестина сакаат да атакуваат врз ВМРО-ДПМНЕ и да ја задушат слободната мисла. 

Тој посочи дека Димитар и Деајан се пpивeдeни затоа што во документот којшто е изработен се потписници неколкумина и по функција тие се потпишале бидејќи едниот бил раководител на сектор, другиот раководител на одделение.

Димитар и Дејан не учествувале нитуе еден милиметар од пocтапката којашто е комплетно законска во една фep и транспаретна постапка ќе се докаже тоа но, штeтaтa којашт се прави врз овие двајца врз останатите кои се дел од овој moнтиран случај ќе биде моментална, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.