Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, во Министерството за внатрешни работи ќе му предаде донација од возила на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Опремата е наменета за Единицата за службени кучиња при МВР. Донацијата е дел од заеднички проект на ОБСЕ и МВР, насловен „Обезбедување поддршка на националните власти на Република Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје – соопшти Министерството за вматрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.