Иако СДСМ заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска ветуваа бесплатно образование за сите деца тоа не се реализира. Учебната година започна пред повеќе од недела дена, а родителите на кои деца ја следат наставата во училиштата добиле неколку списоци за тоа што треба тие да купат.

За оваа проблематика објави и порталот Деца.мк каде јасно се гледа што се треба да купат родителите за своите деца за да се овозоможи образовниот процес.

Имено станува збор за тетратки со линии, празни, самолеплив колаж, пластицифирана папка со ластик, блокови, дрвени бои, водени бои, четки за водени бои, мрсни бои, пластелин, фломастери, пластицифирани фолии, течно лепило, ножици, молив ХБ со гума, гума за бришење, гумирана острилка, селотејп, лепило во стик.

Родителите потенцираат дека им било посочоено дека секој викенд треба да проверуваат што недостига во училишниот прибор, со цел тој да се надополни заради непречено одвивање на наставата. За сето ова да се купи потребни им биле најмалку 3000 денари.

Наставничката ни рече дека поради пандемијата предизвикана од КОВИД 19 потребно е и секое дете од одделението со себе да носи заштитна маска, гел за дезинфицирање, влажни марамчиња и тоа треба ние самите да си го обезбедиме, вели мајка на првооделенец.

Сличен проблем имаат и родителите на кои децата им следат настава со далечинско учење. Тие мораа да обезбедат соодветни компјутери за да можат нивните деца да ја следат наставатa како и да може уредот да ја поддржи платформата за учење.

Моето дете е петто одделение и наставата ја следи од дома. Пред да започне учебната година моравме да купиме нов лаптоп за да му овозможиме на нашето дете да го следи образовниот процес. Уредот кој го купивме изнесуваше околу 27.000 денари, вели родител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.