Во ист ден двете најголеми партии започнаа кампањи кои многумина ги протолкуваа како неофицијален старт на предизборна кампања. Повеќе е од јасно е дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за предвремени избори, можеби уште напролет.
За таа цел ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од 16 стручни соработници за победа на следните избори, како што рече опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на прес-конференција.
Во тимот на Мицкоски се двајцата поранешни претседателски кандидати на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и Сашко Кедев, оперскиот пејач Игор Дурловски, репрезентативниот голман Борко Ристовски.
Мицкоски вели дека списокот е отворен, а партијата подготвена да го прифати секој кој сака да се вложи во обновата на Македонија.
Со честење мекици СДСМ го најави новото лого и караванот трибини наречен „На прав пат“. Генералниот секретар Љупчо Николовски најави 20 граѓански форуми и секојдневни средби со граѓаните на кои ќе се слушаат нивните проблеми, но и ќе се промовира сработеното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.