Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски објави дека е негативен на КОВИД-19. Вели дека ги отфрла сите наводи за негова позитивност на коронавирус.
Раководителот Регионален центар за управување со кризи во Куманово Горан Стојановски, исто така објави дека резултатите за Ковид 19 му се негативни, а како што пишува самиот укажувале на тоа дека ниту бил во контакт со инфициран од Ковид-19, ниту пак воопшто станува збор кај него, за некакво заразување со Ковид-19, поради што, се укажувало на тоа дека првичните резултати каде беше кажано дека е еден од позитивните на Ковид 19 во Куманово се грешни.
Стојановски во своето обраќање пишува дека во писмена форма ќе се обрати до ЦЈЗ Куманово и ќе побара повторување на тестирање исклучиво за него за да се корегира грешката.
Стојановски Горан, Раководител на Регионален центар за управување со кризи Куманово, надворешен член на ОШЗС Куманово. Како човек, како одговорен граѓанин, родител, колега, другар и пријател, како стручен и професионален од областа која 30 години ја работам, чувствувам обврска и одговорност да споделам во исто време и среќа и тага со сите Вас, во однос на претходната објава од 16.04.2020 год. дека сум еден од заразените (позитивен) со Ковид-19 во општината.
Среќната околност е во двата резултати кои денес ги добив од извршеното дополнително приватно тестирање направени во две клиники по насоки и укажувања од страна на мојот Матичен лекар кој перманентно го следи моето здравје, а пак кој во исто време и претходно согласно симптоматологијата која воопшто ја немав беше сигурен дека се работи за некаква грешка или предвид во однос на првичниот позитивен резултат. Првиот PCR тест изготвен во референтна лабараторија, како и вториот брз RAPID тест за антитела IgG и IgM се негативни и укажуваат на фактот дека нити сум дошол во контакт со инфициран од Ковид-19, ниту пак воопшто станува збор кај мене, во мојот организам за некакво си заразување со Ковид-19.
Тажната околност за која ќе кажам збор-два се однесува на одговорноста кон моето семејство и кругот на моите колеги, другари и пријатели како и сите други познати и непознати во круговите во кои сум се движел во тој период, а вината која ја чувствував кон себе за сето она што може да им се случи нив, за која предизвикувачот сум јас лично кај свесен и совесен човек е навистина голема. Сите ние околу себе имаме семејства со кои сме блиски, а во кои има и хронично болни и постари лица, стравот од непознатото е голем и сериозен, можноста од пренесувањето во контактибилноста со истите е реалност и претставува баласт исклучително на оној кој е заразен а не знае или од било кои причини не му е укажано правовремено за да создаде сопствен начин на однесување кон другите на кој што нема да им наштети. Сам, изолиран, одделен од семејството, од најмилите со посебен режим на однесување со многу време за размислување и себеобвинување од типот каде згрешив, што се случува, што да очекувам што ќе се случи со моите, најблиските, пријателите, луѓето, граѓаните, човекот воопшто, животот, сликите се редат и сфаќаш дека си можел и немо да говориш во себе и со себе. Кога сето ова ќе го читат моите пријатели ќе речат види го пријателов и филозов станал, аман бе кажи ја суштината од тажната околност оти с’ска не фати ќе не расплачеш како си почнал.
Е еве ја и суштината:
По 8 (осум) дена од доставата на Решението изготвено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 16.04.2020 година., во кое се вели дека сум лабараториски потврден случај позитивен на Ковид-19 кому му се одредува лекување и изолација во домашни услови во траење од 14 дена и до добивање на два последователни негативни резултати од овластена лабараторија, со тестовите кои на 22.04.2020 година, ги имам направено се и двата негативни. Се убедувам себе си, а уште повеќе сакам да верувам дека Лабараторија при Институтот за јавно здравје при прегледување на моите брисеви има направено превид или случајна грешка, но не сакам ни да помислам дека позадината е нешто сосема друго кое по некаква потреба го прави позитивен мојот резултат.
Зошто пак сето ова го говорам. Побудата не е од причина поради страв од жигосување или стигматизмот кон мене, ниту пак чувствувам потреба да седам 20 тина дена дома покрај семејството а сето тоа да ми биде платено од Државната каса, напротив потребата од свесноста да укажам на можните грешки, е поголема од се друго, потребата од сознанието и просветленоста кон другите да укажам на фактот дека се работи за луѓе а не за бројки, да го потикнам чувството на одговорноста кон сето она што го правиме и говориме, затоа што на крајот на денот народов наш напатен сигурноста ја бара во Нас сите од кои неговата иднина зависи. Утре во писмена форма ќе се обратам до ЦЈЗ Куманово иако ценам дека воопшто не е вина на Епидемиологот и ќе побарам повторување на тестирање исклучиво за мене за да ја корегираме грешката. Јас и понатака како граѓанин, ќе се однесувам одговорно почитувајќи го Решението на ДЗСИ и постапувајќи во однос на претходно воспоставените термини декларирани во истото.
На сите мои позитивно дијагностицирани сограѓани им посакувам побрзо закрепнување и целосно оздравување, а на останатите стриктно почитување и придржување кон севкупните мерки за спречување на можноста од заразување со Ковид-19, пишува Стојановски.
По ова се постувува прашањето дали се води некаква хајка против луѓето кои се блиски до градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски или власта има за цел на ваков начин да ги замолчи неистомислениците, на штета на жителите на градот Куманово? Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дали е ова популизам, местејќи го Димитриевски, техничкиот премиер и останатите министри да играат на картата на емпатија кај граѓаните и да глумат заразени? На кого му одговата да создава страв и паника кај населението?
Дека се нижат погрешни резултати за Ковид 19, односно покажуваат позитивен резулатат, а всушност се неточни, доказ е и новиот, приватно направен тест на шоферот од Пехчево за кој исто така беше кажано дека е позитивен на коронавирус.
Во ова време кога сите живееме во страв најмалку е потребно се почесто да ни се случуваат грешни „позитивни“ случаи на Ковид 19, кои направени приватно се покажале како неточни. Се наметнува прашањето колку се веродосстојни тестовите на Филипче, кои еднаш покажуваат позитивен, другпат за само неколку дена негативен резултат на ист човек, во овој случај градоналникот Димитриевки, Стојановски и Гиздовски…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.