На веб страницата на Владата на Република Македонија (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) се објавени Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).
На интернет страницата на Владата се објавени и Протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори, Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на КОВИД-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Македонија.
Денеска е објавен и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.