Основниот суд Скопје 2 го прифатил барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата, пренесува Канал 5.

Во одлуката што ја доставиле до весникот „Лајм“ се наведува дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница со адреса „Чаирска 1000″.

И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.

Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.