Иницијативата за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина „О2 Иницијатива“ реагира на предлог измената на законот за прекршоци, во делот на казни за загадување на животната средина.Т
Тие потенцираат дека иако Владата се пофали по сите медиуми дека казните за загадување на животната средина ќе бидат до 20 пати поголеми, сепак, во предлог-измената на законот нема такво нешто, односно стои дека само може да се поголеми.
Или ние нешто не гледаме или Владата пуштила лажна вест. Владата во средата објави дека со усвоената измена на Законот за прекршоци, казните за загадување на животната средина се зголемуваат до 20 пати. Сите медиуми ја пренесоа таа вест.
Предлог-измената на законот ја добивме и во неа не стои такво нешто, стои само дека може да се повисоки. Објаснување за 20те пати?“ напишаа од О2 Иницијатива.
🧐 или ние нешто не гледаме или Владата пуштила лажна вест. Владата во средата објави дека со усвоената измена на Законот…
Posted by O2 Иницијатива on Friday, 13 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.