О2 Иницијатива реагира на социјалните мрежи за состојбата во Буково.

Буково. Денеска. И вака СЕКОЈ ДЕН, ЦЕЛО ЛЕТО, откако ќе стопли и се додека не залади. А бе има ли НОРМАЛЕН во оваа држава?!?!! Ниту чувар имаше, ниту некој затрупува со земја, луѓево што ги возат камиониве со ѓубре и што ги истовараат – за грев, го дишат овој канцероген чад постојано. Исто како и жителите на околните села и градови. Охрид смрди навечер и на сабајле од овој отров што го дишеме и што се расејува и делува долго време откако ќе се создаде.

Одговорни нормално НЕМА кај нас. Никој не е одговорен за оваа состојба која СЕКОЈА година се повторува, ГОДИНИ наназад. Џанам мислиш нерешив проблем е, на Марс треба компири да садат. Како што излегува, и таму попрво тоа ќе се случи, отколку да го решат проблемов со депонијава Буково која, според барањата на УНЕСКО, требаше да е ЗАТВОРЕНА до декември 2020.

Од Државен инспекторат за животна средина еднаш беа на терен и толку. Наместо да се постојано и да изречат кривични, ништо. Во јули биле и толку. Еве јавен повик до новиот в.д. директор Sreten Stojkovski да си ја завршат работата, луѓе испоумреа од овие чадови.

Беда и јад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.