Од Независнот синдикат на полицијата најостро ги осудија притисоците кои, како што велат, деновиве ги прават некои од највисоките раководители во поедини Сектори за внатрешни работи во МВР, во однос на излегувањето на дел од колегите на протестот организиран на НСП на 2 октомври.

Воедно, од НСП испраќаат „јасна и недвосмислена порака притисоците веднаш да сопрат, да сопре вознемирувањето што им се нанесува на колегите кои ја дадоа подршката да излезат на протестот и јавно го повикуваме Министерот за внатрешни работи, веднаш да ги провери овие наводи и да допринесе истите да престанат.

Правото за слободно изразување на волјата и мислата е УСТАВНО загарантирано ПРАВО. Тоа на сите треба да им е јасно.

 

На крај УПАТУВАМЕ порака до сите колеги кои излегоа и ни дадоа несебична подршка од извршениот протест: “Немојте да подлегнувате на притисоци, борбата за подобри права и ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА е многу поголема отколку заканата од било кој началник на СВР или негов подреден. Било, каква закана или уцена за горенаведеното Ве охрабруваме да ја пријавите на нашата адреса: [email protected]

 

За Вас господа раководители, да ве информираме дека насобраните неколку изјави од вршењето на притисок према нашите членови зошто излегле на протестот веќе од наредниот ден ќе бидат проследени до надлежните органи.

 

ДОСТА Е и никој повеќе не Ви се плаши!

 

СРАМ ДА ВИ Е!, порачаа од НСП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.