Поранешнот премиер Никола Груевски испрати новогодишна честитка со граѓаните во која порача годинава самите да ја направиме посветла од она што повеќето очекуваме да биде.
Среќна нова 2021 година!
Нека донесе посреќен живот за сите во светот а воедно и во Македонија и дијаспората и се што е потребно за еден таков посреќен живот, од подобро здравје, мир, меѓусебна почит и радосни мигови во секое семејство, помалку нанесени зло и несреќи, па до повеќе успеси и победи, како индивидуални, така и колективни.
Нека доброто го победи злото во секој од нас и во Македонија! Нека не опседне и води добрата мисла бидејќи одамна е познато дека какви ти се мислите, таков ти е животот…
Нека Бог биде во нашите срца но и во нашите мисли кога носиме одлуки за себе и за другите, за пријателите и за непријателите, а оваа година самите да ја направиме посветла од она што повеќето очекуваме да биде – стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.
Среќна нова 2021 година!
Нека донесе посреќен живот за сите во светот а воедно и во Македонија и дијаспората и се што е…
Posted by Nikola Gruevski on Friday, 1 January 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.