Градоначалникот на Општина Градско Кире Нацков за децата од градинката „Кокиче“ овозможи бесплатен престој и реализираше едно од своите предизборни ветувања.
Капациетот на градинката во моментов изнесува 40 деца,сумата која ја издвојуваат е 1500 денари.Се надеваме дека ќе помогнеме на родителите со обезбедување средства за оваа намена,со кратење на непродуктивни трошоци во делот репрезентации кои достигнувале и до 300.000 денари. Дополнително финансиско оптеретување на родителите кои имаат деца кои посетуваат градинка претставува и обезбедувањето на еден пакет флаширана вода за пиење, обезбедување на 100 пластични чаши за еднократна употреба , како и обезбедување на хигиенски влажни марамици.
Воведуваме стипендии за учебната 2022/2023 за првпат на најдобриот основец,средношколец и студент.
Воведуваме бесплатен оброк од 1 септември 2022 години за сите ученици од 1 до 5 одделение.
Синоќа имаше настан-работилница со лицата со попреченост а потоа и новогодишна забава со пригодни подароци ,обезбедени од општината и општествено одговорните фирми од нашата општини.
Деновиве се одбележа и Денот на општината со пригодна свеченост во присуство на лидерот Христијан Мицкоски.
Не беше организирана коктел забава, бидејќи ретствата беа пренасочени за потребите на самохрани мајки и за лицата со посебни потреби соопшти Нацков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.