Во тоалет во битолската болница има чадор кој е поставен во близина на таванот за да не течат фекалии врз пациентите. За ова сведочи пациент кој овие денови престојува во болницата во Битола.

Вчера медиумите известуваа дека на два кревети изнемоштени пациенти примаат инфузија, а на другите два лежат мртовци во болницата во Битола. Овие фотографии навистина се од хорор-филм, македонското здравство. Настанати се во битолската болница, а се споделуваат на социјалните мрежи со барање министерот Венко Филипче веднаш да си поднесе оставка, а со себе да ја поведе и целата влада.

Во своето видео кое пациент го објавува на својот профил на Фејсбук, дава вистинска слика за состојбата во која се наоѓа болницата. Го прикажува ковид-центарот, мензата, соби со ѓубре и тоалетите. Нехигиената во тоалетите е запрепрастувачка. На исто место се и кофите и џогерите со кои треба да чистат хигиеничарките, валкани крпи, скршени вррати, лавабоа…

Штета што нема светло во тоалетот. Одиме на ‘бафтана’, коментира пациентот.

Понатаму тој оди во другиот тоалет за кој кажува дека пациентите сами купиле и ставиле сијалица.

Овој тоалет е осветлен, бидејќи ние самите пациенти ставивме сијалица. Погледнете го овој тоалет, за да не капе од фекалиите на тој што врши нужда, има поставено чадор за дожд. Ова е некоја нова иновација за ТЕХНО 2021 година. Е, ова се условите во болницата во Битола и тоа едни од подобрите, коментира пациентот.

Тој нема никакви забелешки на медицинскиот персонал кој работи во болницата. Напротив, според него, сите што работат во Битолската болница треба да бидат наградени.

На медицинските сестри и лекари што работат би им доделил орден за заслуги за народ. Многу се ангажирани, но тие не се виновни за состојбата во која се наоѓа болницата. Катастрофа е, коментира пациентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.