По првото писмо на Катица Јанева, поточно Наредбата до Специјалното обвинителство во рок од три дена сите случаи да му ги предаде на Јавното обвинителство, спевијалната обвинителка денеска издаде ново писмо од истражниот затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, дознава „Сител“. Во новото писмо Јанева го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15 јули.
Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево.
Оставката која Јанева ја напишала рачно, доаѓа во ист ден со одлуката на Комисијата за избори именувања која едногласно реши да му предложи на Собранието да ја разреши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.