Невладини организации алармираат за ново масовно труење на кучиња во Битола.
Според нив во изминативе два дена во 14 населби било фрлено огромно количество отров и затруени се голем број на кучиња.
Членови на Здружението за заштита на животните „Мали херои“ од Битола и Фондацијата Бибевски испративме претставка и кривична пријава со спроведен записник до СВР Битола и Основно јавно обвинителство Битола во кое бараме согласно со Кривичниот законот, да се спроведе казна за фатен сторител на дело – соопштија од здружението.
Според нив, труењето на бездомните животни и опасноста од расфрлање отрови и отровни материи на јавни површини се сериозни проблеми со кои граѓаните многу често се сретнуваат и неопходно е да им се стави крај.
Апелираме на граѓанска одговорност, совесност и свесност во вакви случаи веднаш да се повика полиција и се пријави делото. Очекуваме темелна истрага од полицијата, зошто фрлањето отрови е опасно за сите, и прашање е на време кога нечиј живот ке биде загрозен. Потсетуваме дека отровот има подеднаква раздорна моќ да за 5 минути убие и некое дете. Апелираме дека оној кој на ваков начин убива животни, не е стабилна личност и е опасност за секого. Потсетуваме и дека овие дејствија се забранети со закон и претставуваат Кривични дела, по членовите 218- загадување на животната средина, 232-внесување опасни материи во земја,233-мачење на животни, 234-тешки дела против животната средина и можеби најважно 288-предизвикување општа опасност од Кривичниот закон, за кои може да се добие казна затвор од 6 месеци до 10 години – се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.