По регистрираните во минатото денонќие 121 нов случај на Ковид-19 во Македонија вкупната бројка на заболени се искачи на 15.414 случаи. Во истиот период во болнички услови починаа тројца пациенти, двајца од Прилеп на 63 и 83 години и еден од Струга на 60 годишна возраст, со што вупната бројка на жртви на епидемијата се искачи на 637.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881.
Повеќе од една четвртина од новите откриени случаи на Ковид-19 во последниот билтен на министерството за здравство се од Скопје (33), по што следуваат Охрид со 11, Крива Паланка – девет, Куманово – осум, Штип, Тетово, Струга и Битола по шест, Кочани – пет, Кавадарци и Гостивар по четири, Велес, Гевгелија, Струмица и Делчево по три, Свети Николе и Прилеп по два, Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Берово, Валандово, Виница и Кичево по еден случај.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и две мајки позитивни на Ковид-19, две деца и две мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се четири пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Најмногу активни случаи има во Скопје – 571, потоа во Куманово – 206, Прилеп – 129, Тетово – 107 случаи. Скопската општина Аеродром е со највеќе активни случаи, и тоа 94, следат Гази Баба со 71, Карпош – 68, Центар – 61, Кисела Вода -54, Чаир – 51.
Досега во земјата се направени вкупно 161.590 тестирања на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.