Новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција објави дека од денеска ги крати непродуктивните трошоци, прво преку некористење на службените возила на Општината и на јавните претпријатија.
На тој начин возилата ќе ги ставиме во служба на Општина Штип, за да бидат сервис на граѓаните, со ова ги кратиме непродуктивните трошоци, но и ја подобруваме функционалноста на Општината, рече Јорданов, додавајќи дека службените возила ќе се користат од страна на службите на Општината, на кои им се потребни за да излезат на терен.
Јорданов одговори дека дополнително ќе се утврдува како се користени службените возила од страна на локалните функционери и дали некој ги злоупотребувал службените возила, но најбитно е, како што вели тој, дека од денеска новите локални функционери ќе работат поинаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.