За четири години дел од државните институции, министерства, општини и акционерски друштва потрошиле околу 4 милони евра за набавка на опрема, како што се различни униформи, заштитна опрема, против пожарни апрати.
Компанијата која ги добила тендерите е Армор Плус во сопстевност на Димитар Петревски, кој всушност е зет на генералната секретака на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ.
Ова се актуализираше откако ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има злоупотреба на Град Скопје затоа што дава тендери на зетот на секретарката на Град Скопје.
„„Армор Плус“ ДОО Скопје, не само што земала милионски тендер во Градот Скопје, туку за само 4 години од 2017-та до сега, има заработено рекордни над 4 милиони евра од добиени тендери.
Град Скопје, јавните претпријатија, општините низ Македонија каде што СДСМ е на власт, државни институции, министерството за одбрана и многу други и дале бизнис на истата фирма „Армор Плус“ ДОО Скопје во вредност од над 4 милиони евра“, обвинија неодамна од ВМРО-ДПМНЕ.
Во новиот состав на Надзорниот одбор на СДСМ избран на Конгресот денеска останува досегашниот претседател на ова тело Горан Сугарески, кој е сега директор на Царинската управа, а меѓу новите членови се Викторија Мадиќ и Бајрам Мустафов…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.