Судскиот совет на Република Македонија извести дека на 339. седница одржана на 7 мај, за претседател на Основен суд Струмица избран е Емил Глигоров.

Во периодот од 2005 до 2009 година, Емил Глигоров исто така беше претседател на Струмичкиот суд.

Струмичани реагираат што на чело на судот ќе биде човек што редовно постува митинзи и штабови на СДСМ.

Законот за судови јасно регулира дека учество на судии во партиски активности е забрането, се вели во една од реакциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.