Новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаху е позитивен на коронавирус.

Тој преку Фејсбук ја информираше јавноста дека е позитивен на новиот вирус Ковид-19.

Имајќи ја одговорноста кон моето семејство, моите соработници, како и кон сите граѓани и верници, одлучив да направам тест за Ковид-19, кој што излезе позитивен.

Моментално, се е нормално без никаков проблематичен симптом. Ги почитувам медицинските препораки и сум во домашна самоизолација, пишува во својата објава Фетаху, а пренесуват албанските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.