Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон Европската унија, истакнале денеска на средба министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и амбасадорот на Франција во државава Кристиан Тимоние.
Како што соопшти МВР, на средбата биле потврдени пријателските односи, довербата, реализацијата на заеднички проекти и соработката во голем број области од заемен интерес.
Соговорниците разговарале и за вонредните парламентарни избори што се спроведоа во државава и активностите и превентивните мерки што Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија Ковид – 19
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.