Нов Kлинички центар е потребен и ќе има, ама Венко Филипче и Зоран Заев тоа нема да го прават на грбот на граѓаните, нема да го пљачкаат народот. ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект кој ќе биде основа за заем, а не како што сега Филипче сака на основа на стара физибилити студија од 35 страни да земе повеќе од 500 милиони евра заем. Филипче не смее да бара пари за фиктивен проект, а кои ќе ги враќаат граѓаните- стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозиционата партија велат дека на срамното однесување на Филипче и Заев нема крај, нагласувајќи дека министерот за здравство и премиерот сакале да земат пари и од набавката на вакцини.
Повторно зделка на грбот на народот, зделка за која граѓаните плаќаат со своите животи. Тие со леснотија уплатиле аванс од 7,8 милиони евра на фиктивната фирма од Хонг Конг. За ова велат сакавме да набавиме вакцини?! Какви вакцини мислеле да набавуваат и тоа преку фиктивна фирма?! Јасна е нивната намера, да земат провизија. За ова ќе одговараат!- посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.