Новиот градоначалник на Брвеница, Јовица Илиевски, порача дека кога станува збор за општиот интерес не смее да се прави никаква разлика според верска или национална припадност.
Илиевски им се заблагодари на граѓаните за изборот порачувајќи им дека ќе даде се од себе за сонот да стане јаве.
Кога успехот на општината е приоритет тука нема национална и верска припадност, кога сонот за просперитетна Општина Брвеница е на дофат таа прилика се зграбува. Мојата визија за успех за сите нас, конечно ќе биде реализирана.
Ви благодарам на сите, ви благодарам мои пријатели македонци, албанци, срби, турци, роми и останати. Ви благодарам затоа што ја донесовме новата иднината во Општина Брвеница. Ви благодарам затоа што нашиот сон ќе биде јаве за нашите деца! – порача Илиевски во пораката напишана на македонски и албански јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.