Социјалните мрежи вријат откако Ферат Мемети, новоназначениот директор на Природно-научниот музеј, јавно му се заблагодари на лидерот на Беса, Билал Касами, за своето вработување.
Тој на Фејсбук се пофали дека ја прифатил должноста да раководи со Природно-научниот музеј, а потоа и јавно напиша дека голема поддршка имал од Касами.
Денеска, официјално ја прифатив должноста да раководам со Природно-научниот музеј на Македонија. Благодарност до Движењето Беса и до претседателот Билал Касами за поддршката да раководам со овој музеј – напиша Мемети на Фејсбук.
Ваквиот негов потег твитерџиите го оценија ккао класичен пример на партизација во македонската администрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.