Не својствено за една политичка партија да се занимава со прашања како лажни вести и борбата со нив, ова е ставот на ЗНМ на прашање на Алфа, откако на партиска прес конференција, владејачката СДСМ, зборуваше за план за справување со фејк њуз.

Секој може да има став за одредено прашање, но не сметаме дека партиската говорница треба да се користи за промоција на владин план, особено не за вака сензитивни теми кои бараат широка дебата во целата медиумска заедница-велат од ЗНМ.

Од Здружението бараат во следниот период да бидат презентирани намерите за т.н. план за борба со лажни вести, и очекуваат тоа да се случи од понеделник натаму, во најавената консултација со граѓанските организации.

Владата и било која институција не можат да ценат што се дезинформации, а што не се. Тие имаат право на демант и исправка, а за да превенираат ширење дезинформации најдобар начин е да се покаже максимална транспарентност во работата на сите институции-велат од ЗНМ.

Реагираат и од Македонската асоцијација на новинари..

Се повеќе сме сведоци на пристрасно известување од медиумите блиски до власта, односно немање на дистинкција меѓу државата и партијата и координирани напади и притисоци кон независни професионални медиуми кои критички известуваат за работата на носителите на функции од владеачките партии.  Последната координирана најава на владата и партијата СДСМ за борба против дезинформации е потврда на истото-велат од МАН.

Велат дека ниту една демократска држава властта не определува која вест е лажна, бидејќи како власт е постојано извор и таргет на информации и  сите вести кои на власта не и одговараат таа може да ги прогласи за лажна вест, и во иднина да казнува.

Тоа е спротивно на член 16 од Уставот кој гарантира слобода на говор и јавно изразување, а спротивно е и на начелата за забранета цензура на вестите во Законот за медиуми-велат од МАН.

Од владата соопштија дека преку акциониот план 21 во кој е содржана борбата против лажни вести, ќе се работи на намалување. Останува неодговорено дали само медиумите ќе бидат под лупа на проверувачите на факти или пак и владините функционери



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.