Новинарската екипа на „Инфомакс“, новинарот Милош Милошовски и снимателот Иван Ниневски вчеравчер за време на известувањето од изборниот молк, се нападнати од група граѓани собрани во штаб на една политичка партија.

Како што објавуваат, полицијата наместо да ги одбрани, реши да ги легитимира и да ги задржува без соодветно објаснување. Видеото од нападот е објавено на нивната фејсбук-страница.

Во моментов полицијата приведува двајца новинари на „Инфомакс“ во Прилеп, затоа што известуваат од терен за почитување на предизборен молк.
Ги апсат затоа што си ја работат работата, и известуваат за поткуп во Тризла, Прилеп.
Брука!, објави уредникот на „Инфомакс“, Александар Митевски.

Медиумот вечерта известуваше за счучаи на предизборен поткуп и во Охрид и Битола, а во Велес исто така беа легитимирани од полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.